Кошарка Меѓународна кошарка

НБА фановите одбраа: Јокиќ со асистенција на сезоната, Дончиќ со најдобар дриблинг (ВИДЕО)

Додека Никола Јокиќ со капитенската лента ја предводеше репрезентацијата на Србија во квалификациите за Мундобаскет, љубителите на кошарката ги избраа најдобрите потези за изминатата сезона во НБА лигата.

Очекувано, ниту еден избор на најатрактивни моменти не може да мине без центарот на Денвер Нагетс. Неговото спектакуларно додавање зад грб до Пејтон Вотсон на дуелот против Минесота беше официјално прогласено за асистенција на сезоната, што е вторпат по ред српскиот кошаркар да го освојува ова признание.

Во останатите категории, наградата за најдобро забивање замина кај Стефон Касел од Сан Антонио, додека неговиот клупски колега Лук Корнет ја имаше блокадата на годината. Лука Дончиќ го доби признанието за најдобар дриблинг на сезоната.

Меѓу останатите лауреати, О-Џи Ануноби беше автор на клучниот „клач“ потег, а неговиот кадар уловен од фотографот Џо Марфи ја освои титулата за фотографија на годината. Бем Адебајо го оствари најдобриот поединечен перформанс, додека првата ѕвезда на Оклахома, Шеј Гилџес-Александер, ја понесе титулата за кошаркар со најдобар моден стил.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.