Навивачите на ПСЖ нема да можат да го следат својот тим од трибините на големото француско дерби против Олимпик Марсеј. Француското Министерство за внатрешни работи донесе одлука со која се забранува патувањето на приврзаниците на парискиот клуб во регионот Буш-дjу-Рон.
Забраната е објавена во „Службен весник“, а според одлуката, од недела на полноќ е забрането индивидуално или организирано патување на лица кои се идентификуваат како навивачи на ПСЖ или се однесуваат како такви кон овој регион. Одлуката доаѓа неколку дена откако полицискиот префект на Буш-дjу-Рон донесе мерка со која на навивачите на ПСЖ им беше забранет пристапот до стадионот „Велодром“, како и до центарот на Марсеј.
Како образложение за најновата мерка, Министерството ги посочува долгогодишните тензии меѓу навивачките групи на двата клуба. Во декретот се наведува дека на претходни натпревари имало инциденти, судири меѓу навивачи, како и оштетување на имот и конфликти со полицијата. Ривалството меѓу ПСЖ и Марсеј со години се смета за едно од најжестоките во Франција, но и во Европа.

