Меѓународен фудбал Фудбал

Навивачите на Дортмунд ја нападнаа својата ѕвезда поради прославата

Еден од најдобрите играчи на Борусија Дортмунд и германски репрезентативец, Феликс Нмеча, се најде под жесток бран критики од сопствените навивачи поради начинот на кој ги прославува головите, што предизвика жестока дебата во германската јавност. Навивачката група на „милионерите“ отворено го прозва фудбалерот поради неговата гестикулација поврзана со организацијата „Ballers in God“, повикувајќи се на истражување на медиумот АРД според кое оваа мрежа промовира хомофобични и контроверзни ставови.

По серијата обвинувања дека преку религиските гестови пропагира нетолеранција, Нмеча се огласи на социјалните мрежи за да ја разјасни својата позиција:

„Мојата прослава не е наменета за самопромоција ниту за промоција на каква било организација. Напротив, со неа сакам да ја положам мојата круна пред Кралот чиешто доаѓање се приближува и да укажам на Исус, кој за мене е надеж и сила. Мојата порака никогаш не била промоција на нетолеранција, дискриминација или омраза од каков било вид, туку љубов и почит кон сите луѓе.“

И покрај неговото објаснување, навивачите на Дортмунд останаа цврсто на својот став, истакнувајќи во официјално соопштение дека се против какви било верски мрежи кои под изговор на верата омаловажуваат поединци врз основа на нивната сексaулна ориентација или животен избор. Во целиот случај веќе се вклучи и раководството на Борусија Дортмунд, најавувајќи официјален разговор со фудбалерот. Според пишувањата на агенцијата ДПА, со Нмеча веќе разговарал и германскиот селектор Јирген Клоп за време на собирот на репрезентацијата во Херцогенаурах пред претстојните мечеви во Лигата на нации.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.