Меѓународен фудбал Фудбал

Навивачите на Челзи не забораваат: Енцо Фернандез дочекан со свирежи

Аргентинскиот репрезентативец Енцо Фернандез одново се најде на мета на дел од навивачите на Челзи, кои го дочекаа со свирежи за време на натпреварот против Фулам. Причината за незадоволството на приврзаниците на „сините“ не беа случувањата на самиот терен, туку бурните настани од изминатото лето кога Фернандез се поврзуваше со заминување од клубот, а посебно оддекнаа информациите за неговата желба еден ден да заигра за Реал Мадрид.

Поради ова, секој негов контакт со топката моментално предизвикува поделени реакции на трибините, од гласни протести до скандирања за поддршка од друг дел од фановите. Дополнителен револт кај англиската публика предизвикаа и случувањата од Светското првенство на кое Аргентина ја елиминираше Англија, па притисокот врз младиот фудбалер на Челзи во овој период е навистина голем.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.