Меѓународен фудбал Фудбал

Навивачите на Атлетико Мадрид го бркаат Алварез! (ФОТО)

Навивачите на Атлетико Мадрид јавно го изразија незадоволството кон Хулијан Алварез и побараа аргентинскиот напаѓач да го напушти клубот. Пред тренинг-центарот на мадридскиот тим беа поставени пораки „Хулијане, оди си“, како и пречкртан бројот 19, кој го носи на дресот. Причината за револтот е желбата на Алварез да замине од Атлетико и да се пресели во редовите на Барселона. Аргентинецот не настапи на првиот натпревар во сезоната против Малага, а Диего Симеоне објасни дека не бил доволно физички подготвен.

Тренерот на Атлетико неодамна порача дека Алварез и понатаму е дел од неговите планови, и покрај информациите дека напаѓачот сака трансфер. Мадридскиот клуб не сака да преговара со Барселона, додека Алварез наводно ја посакува токму преселбата на „Камп Ноу“.

Алварез во 2024 година пристигна од Манчестер Сити, а досега за Атлетико одигра 106 натпревари, постигна 49 голови и запиша 17 асистенции. Неговиот договор со клубот е со важност до 2030 година. Сега останува да се види дали ситуацијата ќе се смири или ќе прерасне во сериозен проблем за Атлетико, особено ако Алварез повторно побара трансфер.

 

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.