Меѓународен фудбал Фудбал

Навивачите на Ајакс открија што доживеале во Сплит: Имаше напади и заплашувања!

Навивачите на Ајакс го опишаа гостувањето кај Хајдук Сплит како искуство исполнето со напнатост и безбедносни предизвици, и покрај одличната атмосфера на стадионот „Пољуд“. Холандскиот тим загуби со 2:1, а впечатоците од натпреварот беа засенети од случувањата пред и по дуелот.

Во репортажа објавена на порталот „Ajax Life“, авторот Флорис Рос истакна дека претходните предупредувања за безбедноста во Сплит се покажале како оправдани.

„Приказните за физички напади и заплашување на навивачите на Ајакс сигурно не биле претерани“, се наведува во неговиот осврт.

Сепак, тој ја пофали хрватската полиција, истакнувајќи дека била бројна, професионална и дека му влевала чувство на сигурност за време на организираното собирање на гостинските навивачи. Посочи и дека влезот во гостинскиот сектор бил особено бавен, со долго чекање и турканици низ тесните влезови.

Атмосферата на „Пољуд“ ја спореди со онаа на натпреварите од Лигата на шампионите, но критики упати кон настапот на Ајакс, кој, според него, разочарал на теренот. Во второто полувреме, пиротехниката и силните детонации од трибините предизвикале прекин на натпреварот, а авторот напиша дека бучавата била толку силна што едвај му се вратил слухот.

По завршувањето, повеќе од 1.600 навивачи на холандскиот клуб морале да останат на стадионот уште околу час и половина. Нивното враќање било организирано со автобуси кои постојано сообраќале меѓу стадионот и местото на собирот. Рос истакна дека навивачите останале смирени и изрази надеж дека сите безбедно се вратиле дома.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.