Кошарка Меѓународна кошарка

Наполи славеше со 18 разлика против Будуќност, Јакимовски седум минути на паркетот

Наполи продолжува со позитивниот ритам во Еврокупот и стигна до уште една убедлива победа на европската сцена. Италијанскиот тим одигра сигурен натпревар на гостински терен и уште од самиот почеток покажа дека има контрола врз случувањата на паркетот. Со триумфот над Будуќност во Подгорица, Наполи ја запиша втората победа во натпреварувањето.

Екипата на Наполи за која настапува македонскиот репрезентативец Андреј Јакимовски, ја оствари втората победа во Еврокупот откако на гости убедливо го совлада тимот на Будуќност со 93:75. Наполи уште од стартот ја презеде контролата врз играта и резултатот, ја доби првата четвртина со 25:19, а во вторите десет минути успеа да ја зголеми предноста на десет поени и да замине на одмор со 53:43.

Во продолжението Будуќност не успеа да најде решение за играта на гостите. Наполи продолжи да го зголемува водството и во последниот период влезе со комфорна предност, која до крајот рутински ја задржа. Закари беше најдобар стрелец кај победникот со 23 поени, додека Ферел постигна 19 за црногорскиот тим. Македонскиот репрезентативец Андреј Јакимовски имаше скромна минутажа. Тој на паркетот помина само седум минути, а натпреварот го заврши со еден скок.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.