Наполи официјално го потврди трансферот на младиот италијански репрезентативец Костантино Фавазули од редовите на второлигашот Катанцаро. Станува збор за позајмица вредна еден милион евра со задолжителен откуп за уште шест милиони евра. 22-годишниот крилен фудбалер со тимот од Неапол потпиша долгорочен договор на 5+3 години.
Фавазули потекнува од школата на Фиорентина, а по позајмиците во Тернана и Бари, минатото лето премина во Катанцаро каде запиша два гола и девет асистенции на 42 меча. Одличните партии во Серија Б му донесоа и деби за сениорската репрезентација на Италија во јуни.
Покрај него, во Неапол пристигнува и дефанзивецот на Челзи, Беноа Бадијашил, кој утринава успешно ги мина лекарските прегледи. Зделката за Французот е иницијална позајмица од четири милиони евра (3+1) со опција за целосен откуп од 27 милиони евра. Доколку италијанскиот клуб ја активира оваа опција, Бадијашил ќе потпише договор до 2031 година со годишна плата од 2,8 милиони евра.

