Кошарка Македонска кошарка Меѓународна кошарка

Наполи ја потврди повредата на Јакимовски, неизвесен е неговиот камбек

Македонската кошаркарска репрезентација доби загрижувачки вести од Италија, откако Наполи потврди дека Андреј Јакимовски заработил сериозна повреда. Македонскиот репрезентативец го пропушти последниот натпревар на својот тим, а сега е јасно дека го очекува период на лекување и рехабилитација.

Од италијанскиот клуб соопштија дека медицинските прегледи покажале целосно кинење на внатрешниот кос мускул на десната страна од стомакот, со одвојување од припојот на единаесеттото ребро. Јакимовски веќе ја започнал терапијата, но засега нема прецизна процена колку време ќе отсуствува од терените.

„Времетраењето на закрепнувањето ќе зависи од развојот на клиничката состојба и одговорот на третманот“, информираше Наполи.

Отсуството на Јакимовски е значаен удар за тимот на тренерот Репеша, во чија ротација македонскиот кошаркар има важна улога. Сепак, најголемата загриженост е поврзана со националниот тим, кој кон крајот на ноември треба да ги продолжи настапите во претквалификациите за Евробаскет 2029.

Останува да се види како ќе се одвива рехабилитацијата и дали Јакимовски ќе успее навреме да се врати на теренот за претстојните репрезентативни обврски. Неговото присуство би било особено важно за амбициите на Македонија во продолжението од квалификацискиот циклус.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.