Рајо Ваљекано конечно стигна до првата победа во новата сезона, откако во драматичен натпревар го совлада Расинг Сантандер со 3:2. Домаќините одиграа возбудлив меч во кој двапати мораа да бркаат негатива, но на крајот успеаја да направат целосен пресврт.
Серхио Каналес го доведе Сантандер во водство уште во 4. минута со одлично изведен слободен удар. Рајо израмни преку Андреј Рациу, но Пабло Гарсија во 28. минута повторно им донесе предност на гостите. До паузата Серхио Камељо погоди за 2:2, а истиот фудбалер само две минути по почетокот на вториот дел го постигна победничкиот гол.
Камељо со двата погодоци стигна до бројката од пет гола сезонава. Со тоа го надмина Килијан Мбапе, кој има четири, и се израмни со Рафинја на врвот на листата на стрелци. Рајо и овој натпревар го одигра како симболичен домаќин на стадионот „Бутарке“ во Леганес, бидејќи „Ваљекас“ сè уште не е достапен поради проблеми со безбедноста и техничката состојба.

