Хрватскиот фудбалски судија Тихомир Пејин бил физички нападнат во петокот наутро во Осиек, а случајот го истражуваат локалните полициски власти. Пејин, кој денес работи како ВАР судија, а воедно е и директор на аеродромот во Осиек, бил пронајден повреден на улица. Брзата помош го пренела во Клиничкиот центар во Осиек, каде било утврдено дека нема потешки повреди.
Според сведоци, двајца маскирани напаѓачи му пришле и го нападнале со палки, а потоа продолжиле да го удираат и додека бил на земја. Напаѓачите побегнале откако соседите реагирале и повикале помош.
„Не знам поради што сум нападнат ниту кој ме нападна. Се надевам дека полицијата ќе ги пронајде сторителите“, изјавил Пејин.
Интересно е што нападот се случил во близина на стадионот „Градски врт“, некогашниот дом на НК Осиек. Пејин зад себе има 25-годишна судиска кариера, во која делел правда на натпревари од хрватската лига и европските натпреварувања, а по завршувањето на активното судење продолжи како дел од ВАР тимот.

