Други спортови Одбојка

Наковски Волеј и Младост УГД во полуфинале

Екипите на Наковски Волеј и Младост УГД го осигураа својот пласман во полуфиналната фаза од плеј-оф завршницата на Првата лига жени.

Наковски Волеј со две убедливи победи над својот градски ривал Струмица стигна до полуфиналето.

Екипата на Младост УГД во натпревар испонлет со голема борба, во пет сета, славеше победа над овогодинешниот освојувач на купот, Вардар ЕМ.

Во преостанатите дуели од четвртфиналната фаза, Работнички Скопје, во првиот натпревар славеше со 3:1 на гостувањето кај Пелистер Волеј и на домашен терен ќе треба да го осигура пласманот во полуфиналето.

Актуелниот шампион, Јанта Волеј КВ пак славеше победа на гостински терен над Газели Волеј, со 3:1 во сетови, па и тие својот пласман во полуфиналето ќе треба да го потврдат на домашен терен.

И двата натпревари ќе се одиграат во среда.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.

Поврзани вести