Меѓународен фудбал Фудбал

Најлош почеток за Ривер од 1995 година, Кудет е пред отказ!

Кризата во аргентинскиот гигант Ривер Плата прерасна во тотална драма откако тимот претрпе нов пораз на домашен терен, овојпат од Росарио Сентрал со 0:1. Ова е најлош старт на шампионатот за клубот од Буенос Аирес уште од далечната 1995 година, а четирите последователни порази во Клаусура без ниту еден постигнат гол сериозно ја нишаат позицијата на тренерот Едуардо Кудет.

Иронијата да биде поголема, одлучувачкиот момент на натпреварот се случи во 27. минута кога искусниот Николас Отаменди си постигна автогол. Дополнителен кошмар за домашните фанови беше фактот што на спротивната страна чудесно бранеше Херемијас Ледесма голманот кој настапува за Росарио токму како позајмен играч од Ривер. Домаќините упатија дури 24 удари кон противничкиот гол, но ниту бројчаната предност во последните десет минути по црвениот картон на Емануел Коронел не беше доволна за израмнување.

Преполниот „Монументал“ под силниот дожд даваше поддршка во текот на сите 90 минути, но по последниот судиски свиреж атмосферата експлодираше со гласни скандирања за заминување на Кудет. Со оглед на тоа што за помалку од две недели го играат првиот меч од осминафиналето во Копа Судамерикана против колумбискиот Санта Фе, раководството на Ривер ќе мора експресно да реагира за да го спречи целосниот распад на сезоната.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.