Меѓународен ракомет Ракомет

Најдобрата ракометарка во светот си заминува од Есбјерг, позната и новата дестинација!

Една од најголемите ѕвезди на женскиот ракомет, Хени Реистад, по крајот на актуелната сезона ќе стави точка на својата приказна во Данска. Норвежанката ќе го напушти Есбјерг, клуб со кој во изминатите години се искачи меѓу најдобрите европски екипи, а кариерата ќе ја продолжи во Франција. Реистад во 2021 година пристигна во Есбјерг од Виперс Кристијансанд и за релативно краток период се претвори во една од најпрепознатливите фигури во историјата на данскиот клуб.

Со Есбјерг досега освои три шампионски титули во Данска, а во последните четири сезони редовно беше дел од завршниот турнир во Лигата на шампионите. Нејзините индивидуални квалитети и лидерската улога беа меѓу клучните фактори за европските успеси на тимот. Следниот предизвик за 27-годишната ракометарка ќе биде француски Брест Бретањ, каде што ќе продолжи една од најинтересните кариери во современиот женски ракомет.

Реистад зад себе има и импресивна репрезентативна кариера со Норвешка. Со националниот тим освои олимписко злато, две светски титули и три европски шампионски круни, со што нејзината колекција на трофеи веќе изгледа навистина импресивно. Сепак, пред да замине од Данска, Реистад ја очекува уште една голема задача. Со Есбјерг ќе има нова шанса да стигне до трофејот во Лигата на шампионите – единствениот голем клупски пехар што сè уште ѝ недостига во богатата колекција.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.