Меѓународен фудбал Светски првенства Фудбал

Нагелсман „удри“ по ФИФА и мундијалскиот систем: Наместо награда за првото место, ни дадоа неизвесност!

Победите во групата Е и дефинитивно ѝ го донесоа првото место на Германија и предвремен пласман во нокаут фазата на Светското првенство, но воедно отворија и неочекуван проблем за стручниот штаб на „панцерите“. Германија славеше против Брегот на Слоновата Коска со 2-1 во Торонто и уште пред последното коло го запечати врвот, но поради актуелниот систем на натпреварување, сè уште е во магла околу тоа со кого ќе ги одмери силите во елиминациите.

Избраниците на Јулијан Нагелсман својот натпревар од нокаут фазата ќе го играат на 29 јуни во Бостон против една од репрезентациите кои ќе завршат како третопласирани во своите групи. Сепак, конечниот идентитет на противникот ќе биде познат дури во сабота навечер, откако ќе завршат апсолутно сите натпревари од првата фаза. Тоа значи дека германскиот стручен штаб ќе има екстремно малку време за детален скаутинг и подготовка, факт кој сериозно го извади од такт предводникот на „панцерите“.

Нагелсман јавно порача дека сегашниот формат на Светското првенство не е најправедно решение за екипите кои доминирале во своите групи и завршиле како лидери.

„Воопшто не е добро кога како награда за освоеното прво место во групата добивате дополнителна неизвесност. Едноставно не сум љубител на ваквиот систем. Наместо веднаш максимално да се фокусираме на подготовка на натпреварот, ние сега сме принудени да го чекаме расплетот во сите други групи, па дури потоа, во многу краток рок, експресно да го анализираме противникот и да им ги пренесеме сите потребни информации на фудбалерите“, изјави германскиот селектор.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.