Меѓународен фудбал Светски првенства Фудбал

Нагелсман избра за Мундијалот: Нојер се враќа за последен танц!

Селекторот на германската фудбалска репрезентација, Јулијан Нагелсман, денеска го соопшти официјалниот список на играчи за претстојното Светско првенство. Овој голем фудбалски Мундијал летово ќе се одржи во Соединетите Американски Држави, Канада и Мексико.

Најголемо внимание во јавноста привлекува враќањето на легендарниот чувар на мрежата, Мануел Нојер, во националниот тим. За него ова ќе биде последен шампионат во кариерата по повлекувањето од репрезентацијата по Европското првенство во 2024 година. Поради тешка повреда, од комбинација дефинитивно отпадна Марк-Андре тер Штеген, а место нема ниту за младиот Јонас Урбиг. На списокот на патници неочекувано ги нема ниту искусните Никлас Филкруг и Карим Адејеми.

Германскиот стратег во дефанзивната линија ги повика Кимих, Браун, Ридигер, Шлотербек, Та, Раум, Антон и младиот Тијав. Средниот ред на „панцерите“ ќе биде предводен од Мусијала и Вирц, заедно со Павловиќ, Горецка, Амири, Карл, Штилер, Нмеча и Грос. За постигнување голови во офанзивата ќе бидат задолжени Ундав, Хаверц, Левелинг, Волтемаде, Бајер и брзоногиот Лерој Сане.

Големото Светско првенство официјално започнува на 11 јуни и ќе трае сè до 19 јули годинава. Селекцијата на Германија ќе настапи во групната фаза заедно со репрезентациите на Курасао, Еквадор и Брегот на Слоновата Коска.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.