Меѓународен фудбал Фудбал

Надери го сруши Селтик за втора победа на Ренџерс во седум дена (ВИДЕО)

Само седум дена по убедливите 3:0 во Купот, екипата на Ренџерс приреди уште еден голем тактички подвиг и славеше на жешкото гостување кај Селтик со 0:1 во 344-то првенствено дерби на Глазгов. Со овој грандиозен триумф, „полицајците“ му го нанесоа првиот овогодишен пораз на лидерот по серијата од шест победи во Шкотска, намалувајќи ја разликата на врвот на само два бода.

„Келтите“ фуриозно ја отворија средбата пред своите навивачи и уште во 5-тата минута ја затресоа мрежата преку Трасти, но погодокот беше поништен поради офсајд. Откако и Киран Тирни ја погоди рамката од голот за домаќините, следуваше студен туш во 33-тата минута. По еден изведен корнер и одбиената топка по ударот на Ким, голманот Синисало кратко одби, а најснаодлив во казнениот простор беше Рајан Надери кој одблиску ја смести топката во мрежата за 0:1.

Ренџерс можеше уште пред одморот да замине со уште поголема предност, но Џаиди Гасама ја погоди стативата во 36-тата минута. Во вториот дел, иако Селтик го имаше поседот на топката, Ренџерс беше значително поопасен од контранапади, при што во 74-тата минута и на гостите им беше поништен втор гол преку Маканија поради играње со рака. До крајот, дефанзивата на Ренџерс остана беспрекорна и непробивлива, зачувувајќи ги златните три бода за голем триумф на синиот дел од Глазгов.

Нашиот репрезентативец Бојан Миовски натпреварот и победата на својот тим, ги прследи од клупата за резерви.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.