Рафаел Надал повторно ќе излезе на тенискиот терен пред публика, речиси две години откако ја заврши професионалната кариера. Легендарниот Шпанец ќе биде дел од специјален егзибициски настан на 3 октомври во Манакор, неговото родно место на Мајорка. Поводот е десетгодишнината од основањето на неговата тениска академија, а прославата ќе биде збогатена со серија егзибициски натпревари. Надал би требало да одигра повеќе скратени мечеви против пријатели и поранешни ривали, додека имињата на сите учесници сè уште не се официјално објавени.
Сепак, едно име сигурно нема да биде дел од спектаклот – Новак Ѓоковиќ. Србинот во истиот период има планирано настап на турнирот од серијата 500 во Пекинг, па нема да може да биде дел од прославата во Манакор. Отсуството на Ѓоковиќ значи дека нема да има ново продолжение на едно од најголемите ривалства во историјата на тенисот.
🚨 ¡RAFA NADAL VUELVE A LAS PISTAS! 🎾
Ya hay fecha para volver a verle con una raqueta en la mano: será el 3 de octubre, en Manacor, con motivo del 10º aniversario de su Academia.
Casi dos años después de su retirada, vuelve Rafa.
Todos los detalles 👇https://t.co/E1Jp4wl58j— Punto de Break (@PuntoDBreak) September 16, 2026

