Кошарка Македонска кошарка Меѓународна кошарка

МЗТ Скопје со силни противници во новата сезона од ФИБА Еврокупот!

Македонскиот кошаркарски шампион МЗТ Скопје Аеродром ги доби своите противници за новата сезона во ФИБА Еврокупот. По денешната ждрепка, „штрковите“ дознаа дека ги очекува исклучително интересна и квалитетна групна фаза, во која секој натпревар ќе биде важен во битката за пласман понатаму. Аеродромци повторно ќе ја претставуваат македонската кошарка на европската сцена, со желба да остават добар впечаток и да се борат за место во елиминациската фаза.

МЗТ ќе настапува во групата Е, каде што за противници ќе ги има кипарскиот АЕК Ларнака, германскиот Вурцбург, естонскиот Тарту, грчки Ираклис и полската Варшава. Пред македонскиот првак е сериозен предизвик, со оглед на тоа што во групата се наоѓаат клубови од силни европски првенства. Новата сезона во ФИБА Еврокупот започнува на 6 и 7 октомври, кога МЗТ ќе ја отвори својата нова европска кампања со надеж за успешен настап.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.