Кошарка Македонска кошарка

МЗТ Скопје со нов спонзор ги напаѓа АБА2 и Европа

Македонскиот кошаркарски шампион МЗТ Скопје влегува максимално подготвен и со дополнителен ветер во грбот во новата сезона, каде што ги очекува жестока битка на дури три фронта, домашното првенство, АБА2 лигата и ФИБА Европа купот. Аеродромци денеска и официјално го промовираа новиот спонзорски партнер, склучувајќи соработка со „Алта Банка“.

Првиот човек на Управниот одбор на МЗТ Скопје, Никола Трајчевски, на прес-конференцијата не го криеше задоволството од зацврстувањето на клупските темели, потенцирајќи дека оваа поддршка е од клучно значење за враќање на елитните регионални дуели во главниот град.

„Радува фактот што една сериозна компанија ги препозна нашите амбиции. Со „Алта Банка“ добиваме партнер за поддршка не само за оваа сезона, туку и на долг рок. Наша приоритетна цел останува освојувањето на АБА2 лигата и влезот во АБА1, со што следната сезона во Скопје повторно би гледале евролигашки тимови“, истакна Трајчевски.

Од друга страна, членот на Управниот одбор на „Алта Банка“, Стефан Николиќ, потенцираше дека поддршката за силни спортски брендови кои ја обединуваат заедницата е нивен главен мотив, истакнувајќи дека во МЗТ Скопје препознале вистински кошаркарски симбол со јасна победничка визија.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.