Вечерва во салата „Јане Сандански“, со почеток од 20:30 часот, МЗТ Скопје ќе го пречека тимот на Пелистер, во дерби пресметката од групата на победниците, во кошаркарската МТЕЛ Супер лига. За битолчани кои се на третата позиција, овој натпревар нема големо значење, од аспект на позицијата на табелата, но за домашната екипа, актуелниот шампион МЗТ Скопје, кој се наоѓа на втората позиција, победата ќе биде императив, доколку сака да дојде на лидерската позиција пред ТФТ, која во полуфиналето ја носи предноста на домашниот терен.
Инаку и МЗТ Скопје и Пелистер, како и ТФТ и Маџари веќе го имаат обезбедено пласнманот во полуфиналната фаза. Натпреварот помеѓу МЗТ Скопје и Пелистер ќе започне во 20:30 часот.

