Кошарка Македонска кошарка Репрезентација на Македонија

МЗТ Скопје се засилува со македонски репрезентативец!

МЗТ Скопје активно го составува тимот за новата натпреварувачка сезона, а раководството продолжува да ги засилува редовите со домашни кошаркари. Актуелниот македонски шампион наскоро ќе добие уште едно значајно засилување во ростерот. Нов член на „штрковите“ ќе биде македонскиот репрезентативец Лука Стојановски, кој по две сезони минати во Пелистер повторно се враќа во клубот каде што ја започна својата сениорска кариера.

Дваесет и шестгодишниот бек-шутер настапуваше за битолскиот состав од 2023 година, а со своите игри се наметна како еден од најстандардните домашни кошаркари. Во МЗТ се очекува да има важна улога во ротацијата и да придонесе со своето искуство и шутерски квалитети. Стојановски претходно го носеше дресот на МЗТ Скопје во периодот од 2018 до 2019 година, а во меѓувреме играше и за Академија ФМП и Еуро Никел, пред да се пресели во Пелистер. Со неговото враќање, шампионот добива проверено домашно име кое добро ја познава клупската средина и амбициите на тимот.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.