Кошарка Македонска кошарка Меѓународна кошарка

МЗТ Скопје се засили под кошот со босанскиот центар Емир Крајиниќ!

МЗТ Скопје Аеродром го претстави првото странско засилување за новата сезона, откако редовите на македонскиот шампион ги засили босанскиот центар Емир Крајиниќ. Станува збор за 24-годишен кошаркар висок 208 сантиметри, кој настапува на центарската позиција и зад себе има настапи во босанското и словенечкото првенство.

Крајиниќ ја започна професионалната кариера во Слобода Тузла, а потоа го носеше дресот на Промо, каде што имаше просек од 13 поени и 7,4 скока по натпревар. Минатата сезона настапуваше за словенечкиот Златорог Лашко, бележејќи во просек 12,5 поени и 7,1 скок. Со неговото доаѓање, МЗТ Скопје продолжува да го комплетира ростерот за сезоната во која клубот ќе се натпреварува во ФИБА Еврокупот, АБА2 лигата и домашното првенство.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.