Кошарка Македонска кошарка Меѓународна кошарка

МЗТ Скопје не успеа да се снајде на гостувањето во Полска, пораз од Варшава

Кошаркарите на МЗТ Скопје го претрпеа и петтиот пораз во ФИБА Еврокупот, откако загубија на гостувањето кај полскиот тим Џики Варшава со убедливи 89-66. Македонскиот шампион немаше сили да му парира на расположениот домаќин, кој уште од почетокот ја наметна својата игра.

Полјаците направија значителна предност во првото полувреме, па на одмор заминаа со водство од 47-31. МЗТ не успеа да пронајде решение ниту по паузата, а разликата дополнително растеше во продолжението. На стартот од последната четвртина домаќините веќе имаа предност од 23 поени, со што прашањето околу победникот беше практично решено.

Адем Мекиќ со 11 поени беше најефикасен во редовите на МЗТ Скопје, додека кај Џики Варшава најдобар беше Кжиштоф Кемпа со 21 поен. Така, аеродромци остануваат без победа по пет одиграни кола во европското натпреварување.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.