Новата сезона во македонската кошаркарска Суперлига започна со натпревар кој понуди промени во ритамот и неизвесност до самиот финиш. МЗТ Скопје имаше контрола во поголем дел од првото полувреме, но Куманово покажа дека нема лесно да се откаже од бодовите. Гостите успеаја да се вратат во игра и целосно да ја вратат неизвесноста пред последната четвртина. Сепак, шампионот остана смирен во клучните моменти и со победа од 85-77 ја отвори одбраната на титулата. По израмнетата прва четвртина (19-19), шампионот направи клучна разлика во вториот период. Со одлична серија во нападот, МЗТ стигна до двоцифрена предност и на полувреме замина со 52-38.
Куманово не се предаде и во третата четвртина успеа сериозно да ја намали негативата. Гостите го добија периодот со 20-11 и пред последните десет минути МЗТ имаше само пет поени предност.цСепак, во завршницата домашниот тим не дозволи целосен пресврт. МЗТ Скопје одигра сигурно кога беше најпотребно и ја сочува предноста за стартна победа од 85-77.
Ворнер и Тадиќ беа најефикасни кај победникот со по 15 поени, додека Лука Стојановски постигна 13 поени и имаше четири скока. Дамјан Стојановски и Маслинко запишаа по 10 поени.цКај Куманово блесна Мекиќ со 24 поени, шест скока и шест асистенции. Стајиќ постигна 13, Гуден 11, а Стевановиќ 10 поени.

