Кошарка Македонска кошарка

МЗТ Скопје и Тиквеш го отвараат 3. коло од МТЕЛ Супер лигата

МЗТ Скопје и Тиквеш денес ќе го отворат 3. коло од машката кошаркарска МТЕЛ Супер лига, во „Јане Сандански“, а натпреварот ќе почне во 18:00 часот. И двата тима загубија во предходното коло, па ова ќе биде одлична шанса да се вратат назад на победничките патеки. Актуелниот шампион МЗТ Скопје, во минатото коло загуби од ТФТ во дерби дуелот, а Тиквеш загуби од Маџари.

Утре ќе се сретнат Маџари и Кожув од 17:00 часот, а дербито на колото помеѓу Пелистер и ТФТ ќе се одигра подоцна оваа недела, поради утрешниот натпревар на ТФТ во во Финалето на АБА 2 лигата против Широки Брег.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.

Поврзани вести