Одредени се термините за големото финале во кошаркарската МТЕЛ Супер лига на Македонија. Битката за титулата меѓу МЗТ Скопје и Маџари започнува претстојниов викенд, во недела на 17 мај.
Актуелниот шампион од Аеродром ќе ја има предноста на домашниот терен во оваа серија. Првите два натпревари ќе се играат кај МЗТ, додека следните два се на теренот на Маџари. Закажани се и термините за 20 и 23 мај за вториот и третиот натпревар од финалето. Доколку биде потребно, мајсторката за титулата ќе се одигра на 30 мај во салата во Аеродром.
МЗТ Скопје – Маџари (17.05.2026)
МЗТ Скопје – Маџари (20.05.2026)
Маџари – МЗТ Скопје (23.05.2026)
Маџари – МЗТ Скопје (27.05.2026)
МЗТ Скопје – Маџари (30.05.2026)
Ден подоцна започнува и серијата за третото место помеѓу екипите на Пелистер и ТФТ Скопје.

