Кошарка Македонска кошарка Меѓународна кошарка

МЗТ Скопје го пречекува естонски Тарту во „Јане Сандански“

Кошаркарите на МЗТ Скопје, по одличниот старт на домашната сцена, се подготвени да ја запишат првата радост и на меѓународна сцена, каде што се вратија по десетгодишна пауза. По почетниот пораз од Ираклис на европската премиера, „сино-белите“ денеска повторно пред својата публика го пречекуваат естонскиот претставник Тарту.

Станува збор за противник кој барем на хартија важи за еден од поранливите тимови во групата, што го потврди и нивниот убедлив пораз на домашен терен од Варшава (74-103). Тоа е јасен предзнак дека аеродромци со вистински пристап имаат убава можност да стигнат до првиот триумф во Европа.

Искусниот Војдан Стојановски повика на дефанзивна цврстина и голема поддршка од трибините:

„Пред нас е тежок меч. Треба да бидеме цврсти и да влеземе со огромна енергија во одбраната. Доколку сме на нашето ниво низ целиот дуел, очекувам позитивен резултат на крајот. Секако со поддршка од нашите верни навивачи, чија помош ни значи навистина многу“, истакна Стојановски.

Дуелот меѓу МЗТ Скопје и Тарту се игра денеска во СЦ „Јане Сандански“ со почеток од 18:30 часот.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.