Кошарка Македонска кошарка

МЗТ Скопје ги започна подготовките за новата сезона

Кошаркарите на МЗТ Скопје вечерва го одработија првиот тренинг и официјално ги започнаа подготовките за новата сезона, во која ги очекуваат настапи на три фронта – Суперлигата, АБА 2 и ФИБА Еврокупот.

Тренерот Васко Атанасов на располагање ги имаше повеќето играчи, меѓу кои капитенот Дамјан Стојановски, Војдан Стојановски, Андреј Маслинко, Андреј Андоноски, Лука Стојановски, Никола Василевски, Петар Бошалески, Бојан Величковски, странците Ноа Фарахан, Лесли Ворнер, Димитрије Николиќ и Емир Крајиниќ, како и 15-годишниот Давид Петковски. „Металците“ до крајот на месецов ќе тренираат во Скопје, по што ќе заминат на подготовки во Гевгелија, каде што се планирани и неколку контролни натпревари.

МЗТ Скопје во новата сезона ќе има високи амбиции, а особено внимание привлекува враќањето во ФИБА Еврокупот по пауза од 25 години. Првиот официјален натпревар ќе биде кон крајот на септември, кога во Суперкупот на Македонија ќе се сретнат со Куманово.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.