Кошарка Македонска кошарка

МЗТ Скопје брка двојно водство, Маџари бара одговор во „Јане Сандански“

Вечерва од 18:00 часот, МЗТ Скопје и Маџари го играат вториот натпревар од финалната серија во домашниот шампионат. Актуелниот првак ја оправда фаворитската улога на првиот дуел и веќе води со 1:0 во победи. Новата битка се игра во спортскиот центар „Јане Сандански“, со директен телевизиски пренос на каналот МРТ3.

Тренерот Васко Атанасов има поширок состав, иако поради повреди не смета на Андреј Магдевски и Бојан Крстевски. Од друга страна, дебитантот Маџари се соочува со сериозен умор и настапува без клучниот кошаркар Џавон Грин. Пеколните натпревари на секои три дена се дополнителен хендикеп за покусата ротација на храбриот предизвикувач.

Денеска се игра и вториот дуел за третото место помеѓу екипите на Пелистер и ТФТ. Битолчани направија убедлив брејк на гости со 109:87 и веќе водат во оваа серија. Натпреварот започнува во 17:00 часот во салата „Боро Чурлевски“, каде Пелистер брка триумф за крај на сезоната.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.

Поврзани вести