Кошаркарите на МЗТ Скопје дојдоа до гостински триумф против екипата на Маџари со 94:81. Иако МЗТ Скопје важеше за фаворит, домашната екипа одлично парираше, но попушти во финишот и гостите со серија од 16:0 се одлепија, а Маџари не можеше да се врати во натпреварот. Во победничката екипа Смит постигна 23 поени, а до истата бројка дојде и Грин во домашната екипа.
Пелистер го совлада Тиквеш пред своите навивачи во Битола со 100:93 и уште еднаш потврди дека се наоѓа во одлична форма, а особено кога станува збор за офанзивата. Иако го започнаа бавно натпреварот, домашните играчи пополека фаќаа моментум и го градеа водството. Дилемите за тоа каде ќе одат бодивите беше решена уште на средината на последната четвртина кога Пелистер дојде до 14 поени предност, а откако тренерот Даскаловски ги повлече дел од најдобрите играчи, Тиквеш успеа да ја намали негативата. Ленгстон Вилсон беше најдобар на теренот и постигна 29 поени и 9 скокови.
Во Плеј-аут групата, Работнички во „Градски Парк“ славеше висока победа над КК Ангели со 99:84 и ја заврши сезоната со триумф. Ракиќ беше одличен и го предводеше домашниот тим со 31 поен и 18 скокови, а во поразената екипа најдобар беше Кечовски со 24 поени.

