Кошарка Меѓународна кошарка

„МВП“ овации за Вембањама во Сан Антонио: Французот ја најави новата НБА сезона!

Виктор Вембањама предизвика вистинска еуфорија кај навивачите на Сан Антонио Спарс уште пред официјалниот старт на НБА сезоната, доминирајќи на традиционалниот отворен тренинг пред речиси 15.000 гледачи. Францускиот кошаркар забележа 16 поени за 21 минута на паркетот во интерниот контролен меч, а присутната публика го поздрави со скандирање „МВП“.

Најефикасен на овој подготвителен натпревар беше Келдон Џонсон со 19 поени, Дилан Харпер додаде 18, додека Џулијан Шемпени го заврши мечот со 17 постигнати поени. Составот предводен од тренерот Мич Џонсон продолжува со подготовките, а првиот официјален тест во предсезоната ги очекува во четврток против екипата на Атланта Хокс.

Сепак, добрата атмосфера во редовите на Сан Антонио ја помати веста за повредата на Тобајас Харис. Искусниот кошаркар го истегна левиот лист за време на тренинг-кампот, поради што ќе ја пропушти целата предсезона, додека неговиот настап на отворањето на сезоната против Оклахома Сити на 20 октомври во моментов е под знак прашалник.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.