Кошарка Меѓународна кошарка

МВП издание на Шeј: Десеткуваната Оклахома го сруши Кливленд (ВИДЕО)

Екипата на Оклахома Сити Тандер покажа шампионски карактер и покрај сериозните проблеми со повредите, совладувајќи го Кливленд Кавалирс на гостувањето во Охајо со 117:112 во исклучително драматичен натпревар.

Апсолутен херој на средбата беше Шeј Гилџес-Александер, кој го предводеше својот тим со дури 43 поени, осум асистенции и четири скокови. Оклахома пристигна на ова гостување без речиси половина од стандардната ротација, надвор од стројот беа Чет Холмгрен, Џејлен Вилијамс, Алекс Карузо и Кејсон Волас, a по два убедливи порази, но канадскиот бек ја презеде целата одговорност во клучните моменти.

Кливленд подобро го отвори мечот и го доби првиот период со 30:26, но гостите одговорија со фуриозна втора четвртина (33:18) и на пауза заминаа со двоцифрена предност (59:48). Во драматичниот финиш, Кливленд успеа да израмни на 112:112 преку Сем Мерил, но Гилџес-Александер на 32 секунди до крајот погоди ладнокрвна тројка преку рака која ја реши судбината на домаќините.

Во редовите на Оклахома, значаен придонес даде Еј-Џеј Мичел со 20 поени, додека Вилијамс додаде 12. Кај Кливленд најефикасни беа Донован Мичел и Малик Томас со по 17 поени, Еван Мобли постигна 16, додека Џејмс Харден и Џерет Ален завршија со по 14 поени.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.