Меѓународен фудбал Фудбал

Мурињо се врати со победа, Реал Мадрид славеше во драматичен финиш (ВИДЕО)

Жозе Мурињо се врати во шпанскиот фудбал по пауза од 13 години, а камбекот го одбележа со победа. Реал Мадрид во драматичен натпревар славеше со 2-1 на гостувањето кај Еспањол, откако победничкиот гол пристигна во последната минута. „Кралевите“ одлично го започнаа натпреварот и поведоа уште во раната фаза. Џуд Белингем ја затресе мрежата по асистенцијата на Арда Ѓулер и најави мирен натпревар за гостите.

Сепак, Еспањол не се предаде и пред паузата успеа да стигне до израмнување. Алекс Калатрава беше стрелец за каталонскиот тим, кој со резултат 1-1 замина на одмор. Во продолжението Реал Мадрид имаше иницијатива, но тешко доаѓаше до вистинска завршница. Кога се чинеше дека натпреварот ќе заврши без победник, од клупата влезе Карлос Еспи и во самиот финиш ја искористи грешката на домашната одбрана.

Младиот напаѓач реагираше снаодливо и го постигна голот за 2-1, со кој Реал Мадрид освои три важни бода од Каталонија. За „кралскиот клуб“ следниот предизвик е во среда, кога на домашен терен ќе го пречека Реал Сосиедад во заостанатиот натпревар од првото коло.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.