Во пресрет на вечерашното дерби во Лигата на шампионите меѓу Рома и Реал Мадрид, фокусот на фудбалската јавност е насочен кон судирот на двете тренерски величини, Жозе Мурињо и Џан Пјеро Гасперини. Нивното ривалство трае повеќе од 15 години уште од деновите во Серија А, а пред новиот пресметки Португалецот упати комплименти за својот колега.
Иако статистиката е на страната на Мурињо (пет победи, три ремија и два порази), предводникот на Реал добро ги помни легендарните тактички надмудрувања кога предводеше друг италијански гигант.
„Тој е најтешкиот противник со кого сум се соочил во кариерата. Ми се случуваше на еден ист натпревар дури пет пати да ја променам формацијата, но тој за сѐ имаше вистински одговор“, изјави Мурињо.
Одговор од Гасперини пристигна со специфични пофалби за способноста на Мурињо да извлече максимум од клупските управи на пазарот за трансфери:
„Тоа што успева да извлече толку големи средства за засилувања е навистина извонредно. Еве, сега успеа да го донесе и Диоманде. Секоја чест, Жозе. Голем си! Секако, тоа не е неговиот единствен квалитет, тој и те како добро умее да игра на резултат“, истакна со насмевка стратегот на Рома.
Запрашан за споредба меѓу сегашната Рома и онаа што своевремено ја предводеше Мурињо, Гасперини нагласи дека станува збор за различен концепт:
„Тоа се два потполно различни тима. Тогаш имаше многу поголеми вложувања, додека оваа екипа сѐ уште е во фаза на развој. Не треба да се споредуваме со Реал бидејќи тоа е клубот со најмногу трофеи и навивачи во светот. Важно е да се фокусираме на теренот бидејќи таму ја имаме нашата шанса да видиме колку сме конкурентни против најдобрите“, заклучи Гасперини.

