Меѓународен фудбал Фудбал

Мурињо пред Интер: Ме интересира само победа, а ВАР судиите мора да ги научат правилата

Жозе Мурињо се подготвува за своето враќање на европската сцена на клупата на Реал Мадрид, каде што утревечер од 21:00 часот на „Сантијаго Бернабеу“ го пречекува својот поранешен клуб Интер во рамките на Лигата на шампионите.

На официјалната прес-конференција пред натпреварот, португалскиот стратег јасно стави до знаење дека по првенствениот пораз од Бетис, неговиот тим влегува со највисоки амбиции.

„Сакам победа. Одигравме добро против Бетис, но загубивме, па затоа утре ме интересираат само трите бода. За ‘Бернабеу’ ме врзуваат и најбајковитите и најтешките спомени во кариерата, но во моментов мислам само на утрешниот меч. И ние и Интер ќе ја минеме оваа фаза, но тие во моментов имаат стабилност која ние дури сега ја градиме“, истакна Мурињо.

Сепак, најголема прашина подигнаа неговите жестоки критики насочени кон арбитражата и користењето на ВАР технологијата на претходниот меч против Бетис.

„Ако во ВАР собата не ги знаеле правилата и затоа не го повторија пеналот, тогаш треба веднаш да си одат дома. А ако ги знаеле правилата, а свесно решиле да не реагираат, тоа е уште полошо. Исто така, сакам да знам зошто Винисиус, кој беше капитен на тој меч, не смееше ниту да му пријде на судијата за да побара објаснување“, рече предводникот на Реал.

За крај, Мурињо го потврди и статусот на младиот Бразилец Ендрик, кој се враќа по повредата, но истакна дека тој ќе биде на клупата и може да добие најмногу пет до десет минути во завршницата од натпреварот.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.