Меѓународен фудбал Фудбал

Мурињо по поразот од Бетис: Не разбирам зошто загубивме

Жозе Мурињо не го криеше разочарувањето по минималниот пораз од Бетис (0-1), но и покрај негативниот резултат имаше пофални зборови за изданието на својот тим.

„Мислам дека одигравме одличен натпревар. Понекогаш губиш и не ја разбираш причината. Не знам како да го објаснам тоа. Имавме голема предност, дефанзивците беа одлични, а во нападот создадовме многу комбинации и шанси“, изјави португалскиот стратег.

Мурињо посебно го истакна младиот Карлос Еспи, чиј гол беше поништен поради офсајд.

„Упати фантастичен удар. Можеби беше офсајд, можеби не, но тој си ја заврши работата. Има огромен потенцијал и ќе продолжи да напредува. Скромен е, работлив и сака да учи. Многу сум задоволен од него“, порача тренерот.

Португалецот не сакаше веднаш да носи конечен суд за спорните судиски ситуации, но нагласи дека не смета оти неговиот тим заслужил да загуби.

„Фактот дека си заслужил да победиш не ти носи бодови. Го поздравувам Бетис, кој играше за реми и имаше среќа. Од клупата не можев да разберам зошто загубивме. Тимот изгледаше многу добро и немам никакви лични забелешки кон играчите“, заврши Мурињо.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.