Меѓународен фудбал Фудбал

Мурињо ќе го менува Реал Мадрид од корен!

Реал Мадрид влегува во последниот месец од преодниот рок со неколку недовршени работи. Клубот ги финализира преговорите со Лајпциг за трансферот на младото крило Јан Диоманде.

Деветнаесетгодишниот фудбалер од Брегот на Слоновата Коска треба да биде петтото засилување за Мадриѓаните ова лето. Тој со својата брзина и експлозивност совршено се вклопува во тактичките идеи на Жозе Мурињо.

Покрај Диоманде, сè почесто се споменува и името на Родри од Манчестер Сити. Шпанскиот репрезентативец сака враќање во Ла Лига, а Реал внимателно ги разгледува опциите.

Најголемото прашање во клубот сепак останува иднината на Винисиус Жуниор. Неговата одлука за нов договор или евентуално заминување целосно ќе го одреди натамошниот тек на преодниот рок.

Неизвесна судбина во тимот имаат и Раул Асенсио, Гонзало Гарсија и Франко Мастантуоно. Од друга страна, Брахим Дијаз и Едуардо Камавинга јасно порачаа дека сакаат да останат во Мадрид.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.