Меѓународен фудбал Фудбал

Мурињо има нов план за Белингам: Англичанецот се враќа таму каде што е најопасен

Џуд Белингам се врати на тренинзите на Реал Мадрид, а новиот кормилар Жозе Мурињо веќе го скрои планот за неговата иднина. Португалскиот стратег сака да го користи англискиот репрезентативец како класична „десетка“ веднаш зад Килијан Мбапе, давајќи му целосна слобода во завршницата од нападот. Ова е улога во која Белингам блескаше и за англиската репрезентација, а самиот Мурињо уште од неговите тинејџерски денови во Дортмунд тврдеше дека го потсетува на легендарниот Френк Лампард.

Сепак, патот до првиот тим нема да биде идеален за Белингам. Младиот Арда Ѓулер ги одработи комплетните подготовки и во моментов има мала предност кај Мурињо, а конкуренцијата во офанзивниот ред дополнително ја засили и пристигнувањето на Бернардо Силва. Пред „Специјалниот“ е сериозен предизвик да ги вклопи сите ѕвезди, па доколку одлучи да игра и со Белингам и со Ѓулер во истиот состав, еден од нив ќе мора да отстапи и да се пресели на десната крилна позиција.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.