Згуснатиот распоред во шпанската Ла Лига веднаш ги носи возбудувањата од 6-тото коло, а во пресрет на гостувањето на Реал Мадрид кај Елче, Жозе Мурињо повторно го украде шоуто на прес-конференцијата. Стратегот на „кралевите“ прво се пожали на пречестите средби со медиумите поради згуснатиот календар, а потоа во свој препознатлив, ироничен стил ги боцна присутните новинари.
„Немате никакви прашања за пеналите? Тоа е малку чудно, нели?“, провоцираше Португалецот, алудирајќи на спорните одлуки од изминатиот викенд кои им одеа во корист на директните ривали, пропуштеното играње со рака и недосуден пенал против Атлетико Мадрид, како и повеќе од благонаклонетиот пенал досуден за Барселона над Ламин Јамал.
Откако сепак фокусот се префрли на кралскиот клуб, Мурињо со избрани зборови зборуваше за формата на Винисиус Жуниор и за раскошниот талент на Арда Ѓулер. Тој истакна дека Бразилецот се приближува до својата најдобра верзија и врши огромна работа за екипата иако му недостакуваат уште малку голови, додека за Ѓулер порача дека поседува феноменален потенцијал и има огромно позитивно влијание врз целата екипа.
Одвојувајќи неколку зборови и за тактичката поставеност, португалскиот стручњак потврди дека триото Белингем, Мбапе, Винисиус, останува главна ударна игла. Тој појасни дека не сака низок блок, со пет-шест корнери и потпирање врз одбраните на голманот, туку тим што врши брза транзиција и точно знае што прави во секој дел од теренот. Реал ќе мора брзо да ги прифати овие барања, бидејќи веднаш по дуелот со Елче ги очекува големото градско дерби против Атлетико Мадрид.

