Меѓународен фудбал Фудбал

Мурињо до Барса по потписот со Родри: „Победите се освојуваат на теренот!“

Жозе Мурињо го даде првото интервју по враќањето на клупата на Реал Мадрид. Во разговорот за „Ел Чирингито“, тој отворено го коментираше трансферот на Родри во редовите на ривалот Барселона.

Португалскиот стратег откри дека Реал му понудил одлични услови на шпанскиот репрезентативец. Сепак, двоумењето на играчот довело до прекин на сите разговори.

„Неговите сомнежи создадоа сомнежи и кај мене. Реал е гигант каде што не смеат да играат фудбалери кои се двоумат“, изјави Мурињо.

Запрашан дали овој трансфер е победа на Барселона над Реал, тој одговори во свој препознатлив стил:

„Победите се освојуваат единствено на теренот и со освоени трофеи. Тука се вистинските победи“.

Мурињо зборуваше и за Винисиус Жуниор, кој реши да остане во Мадрид уште една сезона. Тој му објаснил на Бразилецот дека нема никаква смисла да го напушта клубот во кој е вљубен.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.