Меѓународен фудбал Светски првенства Фудбал

Мундијалот влегува во најжешката фаза, познати новите нокаут-парови!

Полека се комплетира сликата за нокаут-фазата на Светското првенство. По одигрувањето на натпреварите во групите Г, Х и И, познати се уште пет двојки кои ќе се борат за место во осминафиналето. Актуелниот светски шампион Аргентина ќе го започне походот кон одбраната на титулата против најпријатното изненадување на турнирот – Зеленортските Острови, репрезентација која без ниту еден пораз обезбеди историски пласман во елиминациската фаза.

Интересни пресметки нè очекуваат и во останатите дуели. Франција ќе се соочи со Шведска, Германија ќе ги одмери силите со Парагвај, Норвешка ќе игра против Брегот на Слоновата Коска, додека Бразил ќе се сретне со Јапонија. Меѓу веќе потврдените парови се и:

Јужна Африка – Канада

Холандија – Мароко

Босна и Херцеговина – САД

Австралија – Египет.

До комплетирањето на распоредот остануваат уште натпреварите од последното коло во групите Ј, К и Л, по што ќе бидат познати сите учесници и двојки во првата елиминациска рунда на Светското првенство.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.