Меѓународен фудбал Фудбал

Му се заканува ли исфрлање на Хајдук Сплит од Европа?

Хрватскиот фудбал го тресе огромен скандал, а сплитски Хајдук би можел да се соочи со катастрофални последици по срамните сцени што го одбележаа денот на дуелот против холандскиот гигант Ајакс во Конференциската лига.

Наместо во центарот на вниманието да биде спортскиот успех и враќањето на европскиот фудбал на „Пољуд“, сите рефлектори се насочени кон скандалозното однесување на дел од навивачите. За време на дефилето на ултрасите од „Торцида“ кон стадионот, беа забележани морничави пароли и песни со кои отворено се величаа нацизмот и усташтвото.

Според најавите, УЕФА подготвува експресна дисциплинска постапка против хрватскиот клуб. Во фудбалските кругови сѐ погласно се шпекулира дека меѓу опциите на маса е и најригорозната казна, комплетно исфрлање на Хајдук од сите европски натпреварувања. Иако сѐ уште нема официјална потврда за конечната одлука, познато е дека европската куќа на фудбалот применува политика на нулта толеранција кога станува збор за расизам, говор на омраза и екстремизам, дури и кога инцидентите се случуваат надвор од самиот стадион.

За сплитскиот гигант евентуалната суспензија би била страшен удар, особено во момент кога тимот заигра во Европа за првпат по повеќе од деценија и пол пауза. Во Сплит со страв и неизвесност ги очекуваат следните денови, кога дисциплинската комисија на УЕФА би требало да ја соопшти конечната одлука.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.