Кошарка Меѓународна кошарка

Може ли Орландо да го изненади Детроит? „Меџик“ поведоа 2-1 во серијата

Кошаркарите на Орландо дојдоа до нова победа против Детроит со 113:105, овој пат на домашен терен и така поведоа во серијата со 2-1. Во натпревар кој изобилуваше со многу борба, на теренот подобро се снаоѓаште домашната екипа. Во последната четвртина дојдоа и до 17 поени предност, но Детроит успеа да се врати во мечот и на три минути до крајот и да поведе, за потоа Орландо да врати со серија од 9:0.

Предводници на домашната екипа беа Банчеро со 25 поени и 12 скокови и Бејн со 25 поени, додека кај Детроит Канингам постигна 27 поени и беше најпрецизен на натпреварот.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.

Поврзани вести