Македонската кошаркарска репрезентација ќе добие огромно засилување под кошевите за стартот на новиот претквалификациски циклус. Италијанскиот евролигаш Олимпија Милано и официјално даде зелено светло и потврди дека новиот натурализиран кошаркар Мозес Рајт ќе му биде на располагање на националниот тим за клучниот дуел против Австрија во Виена.
Иако евролигашките клубови често знаат да прават проблеми за летните репрезентативни собири, тимот од Милано го објави планот за подготовки и потврди дека ги ослободува сите свои репрезентативци, меѓу кои е и одличниот американски центар. Во тандем со Ненад Димитријевиќ, доаѓањето на Рајт треба го реши прашањето во рекетот и драстично да ги зголеми шансите на Македонија за успех во овие претквалификации и конечно враќање на Европското првенство по повеќе од една деценија.

