Меѓународен фудбал Фудбал

Морган Роџерс во Челси за 137 милиони евра!

Челси го реализираше најголемиот трансфер ова лето во Премиер лигата. Морган Роџерс и официјално е нов фудбалер на тимот од Лондон, откако Астон Вила ја прифати понудата вредна 137,3 милиони евра. Со ова Роџерс стана најскапиот британски фудбалер во историјата.

Целата операција беше завршена за само 48 часа. Челси реагираше експресно веднаш по завршувањето на настапите на Англија на Светското првенство. Клучна улога во убедувањето на играчот имаа новиот тренер Чаби Алонсо и ѕвездата на тимот, Кол Палмер.

Алонсо лично му се јавил на младиот фудбалер за да му ја претстави својата визија. Шпанскиот стратег му објаснил дека тој е негова главна желба во преодниот рок. Во исто време, неговиот близок пријател Кол Палмер постојано му испраќал пораки и го убедувал да му се приклучи на „Стамфорд Бриџ“.

Арсенал со недели важеше за главен фаворит за овој потпис. Сепак, раководството на „топчиите“ нудеше околу 95 милиони евра и одби да ја израмни понудата на Челси. Од овој мега-трансфер сериозно ќе профитира и второлигашот Мидлсбро, кој поради претходно договорените проценти ќе заработи речиси 19 милиони евра.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.