Меѓународен фудбал Фудбал

Морено е нов селектор на Јужна Кореја, но местото не му е загарантирано! (ФОТО)

Фудбалската репрезентација на Јужна Кореја доби нов селектор, но засега со привремен статус. Корeјската фудбалска асоцијација го назначи Роберт Морено за предводник на националниот тим, со можност соработката да продолжи и во 2027 година доколку ги оправда очекувањата.

Морено доаѓа на местото на Хонг Мјун-бо, кој си поднесе оставка по неуспешниот настап на Светското првенство во 2026 година. Јужнокорејците не успеаја да ја минат групната фаза, по што селекторот ја напушти функцијата, а потоа и земјата. Шпанскиот стратег сега ќе има можност да се докаже во претстојниот период. Неговите резултати на пријателските натпревари во септември, октомври и ноември ќе бидат клучни за одлуката дали ќе остане на клупата и за Азискиот куп.

Доколку ја добие довербата, Морено би ја водел Јужна Кореја на континенталниот шампионат во Саудиска Арабија, кој ќе се игра од 7 јануари до 5 февруари 2027 година. За 48-годишниот Морено ова ќе биде ново поглавје во тренерската кариера. Тој во минатото беше селектор на Шпанија, а како клупски тренер работеше во Монако, Гранада и Сочи, каде што последен пат ја извршуваше тренерската функција.

 

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.