Кошарка Меѓународна кошарка

Монтеро одбил 10 милиони евра годишно за да потпише за Олимпијакос!

Новото засилување на Олимпијакос, Жан Монтеро, откри интересни детали за својот трансфер. Доминиканскиот бек пристигна во Атина од редовите на шпанска Валенсија. Тој призна дека имал значително подобри финансиски понуди од други богати клубови.

Меѓу нив била и понуда од десет милиони евра годишно со бланко чек. Сепак, тој ги одби тие милиони бидејќи парите не му се главен приоритет. 22-годишниот кошаркар избра клуб кој нуди најдобар план за неговиот развој. Олимпијакос му понудил најмалку пари, но проект со вистински спортски мотив.

Монтеро зад себе има извонредна сезона во дресот на Валенсија. Со овој клуб ја освои титулата во Шпанија и стигна до Фајнал-фор во Евролигата. Сега е подготвен да го покаже својот квалитет и во редовите на грчкиот гигант.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.