Други спортови Останато

Монако е шансата на Ферари да ја прекине доминацијата на Мерцедес!

Викендов во Монако започнува европскиот дел од Ф1 сезоната, каде Ферари ќе се обиде да ја прекине победничката серија на доминантниот Мерцедес.

Специфичната улична патека во Кнежевството не простува грешки, а бидејќи претекнувањето на тесните улици е речиси невозможно, саботните квалификации ќе имаат клучна улога за конечниот исход. За разлика од досегашните трки каде германскиот тим профитираше од моќниот мотор на правците, бавните и средни кривини во Монте Карло целосно му одговараат на пакетот на Ферари. Поради ова, Шарл Леклер и Луис Хамилтон влегуваат како големи фаворити за највисок пласман. Дополнителен мотив за Леклер, кој веќе триумфираше пред домашната публика во 2024 година, е и новиот договор со Скудерија што го потпиша во четвртокот. Сепак, Монегашанецот повикува на претпазливост и очекува силен отпор и од Мекларен и Ред Бул.

Поради спецификите на патеката, водечките тимови подготвија и серија аеродинамички надградби. Со оглед на тоа што за оваа трка е забранет посебниот систем за активна аеродинамика на правците, инженерите на Мерцедес, Мекларен и Ред Бул монтираа нови мини-крила на задниот дел за да добијат поголем притисок во кривините. Предизвикот е огромен ако се земе предвид дека Мерцедес моментов бега 72 бода пред Ферари кај конструкторите, додека кај возачите младиот Андреа Кими Антонели има комотна предност од 43 поени пред клупскиот колега Џорџ Расел.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.