Меѓународен фудбал Фудбал

Моќно издание на Монако: Брунер со два гола го „потпиша“ поразот на Марсеј

Екипата на Монако го продолжи стопроцентниот учинок на стартот од новата сезона во француската Лига 1, откако на свој терен со сигурни 2-0 го совлада големиот ривал Марсеј. Јунак на вечерта беше младиот Парис Брунер, кој со два погодоци ја обезбеди втората победа за „кнезовите“.

Домаќините тргнаа офанзивно од самиот старт и ја крунисаа добрата игра уште во 13. минута. Александар Головин испрати прецизна топка до Парис Брунер, кој маестрално се снајде и го матираше гостинскиот голман за водство од 1-0. Марсеј се обиде да се рекуперира и да пронајде начин до израмнување до крајот на првиот дел, но дефанзивниот ред на Монако функционираше беспрекорно.

Прашањето околу победникот дефинитивно беше решено на самиот старт на второто полувреме. Се играше 53. минута кога Ерик Диер одлично проигра, а Брунер повторно се најде на вистинското место и со својот втор гол на натпреварот зголеми на сигурни 2-0.

До крајот на средбата гостите немаа ниту сили ниту идеја како да ја пробијат цврстата одбрана на домаќините, па Монако рутински го приведе мечот до крај и запиша нови три бода во новата шампионска трка.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.